сосема (прил.) - нов (прид.)

Во виртуелниот простор никој не може да биде препознаен и класифици­ран според бојата на кожата, полот, националноста, староста...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Или, доколку веќе сака некаде да се смести, секој е слободен да избере идентитет што му одго­ва­ра - постоечки или некој сосема нов.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој грда не е убав само затоа што има многу големи и убави згради, широки улици, авении, булевари, каде што сообраќајот се одвива во осум аптеки, во кој се изникнати о дтемел сосема нови блокови и квартови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
При тоа воведе сосема нов поглед на роботската еволуција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вториот човек што сакам да го споменам во овој контекст е господинот Башким Адеми, кој е претставник на една сосема нова феноменолошка одредница во скопскиот андерграунд.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, тука сѐ уште не сме постигнале многу... Би било логично новите суштества да имаат сосема нови особини...  Овие, под наводници “живи суштества” имаат сосема други особини од биомасата позната на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мостот кој, при чекорењето на луѓето, се нишаше, водеше кон еден сосема нов свет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој ја деконструира самата хиерархиска структура предлагајќи една алтернатива која што е сосема нова и нехиерархиска.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Подвлекувањето не на она типичното, централното и есецијалното туку на атипичното, маргиналното и акциденталното, со време може од нив да направи да станат типични, централни и есенцијални.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа само би ја заменило старата хиерархиска дихотомија со една нова, а нееднаквоста би опстанала.14 Неговата визија е таква што не прифаќа нееднаквости.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Попрво, самата машка геј-култура е облик на сфаќање, начин на кој се гледа на мажите, на жените и на светот. 18 ИРОНИЈАТА И МИЗОГИНИЈАТА Машкиот геј-субјективитет, можеби, е општествено изграден, но општествените конструкции не се неповратни судбини: тие не се неизбежни предодредености.394 Можеби не може да се менуваат кога ќе посакаш, во секој миг да подлежат на преизградба од темелот нагоре според некој сосема нов проект, но, сепак, оставаат колку-толку простор за импровизација, за отпор и за преозначување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа не значи дека само геј-мажите можат да ја сфатат машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Единствениот начин да се анализира машката геј-култура е да се користи тој својствено машки геј-облик на читање кога се читаат стиловите што ги кали машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа ласкава слика за геј- културата – на гејството како култура – не е сосема нова, иако нејзиниот пробив во ткивото на примените идеи што го сочинуваат здравиот разум на стрејт- општеството е релативно скорешен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби не е возможно да се однаправи општествената позиционираност, но можно е да се поседува, да се искористи, да се преориентира, да се стави во перверзни преупотреби.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во чистиот дел на салата болните ги облекуваа во сосема нови пижами, ги ставаа на носилки и што е можно побрзо со санитарни коли ги префрлуваа во одделенијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беа сосема нови и велеа дека штотуку стигнаа од Русија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Или, доколку веќе сака да се смести, самиот може да си го избере идентитетот што му одговара - некој постоечки или сосема нов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе никој не е врзан за физичките карактеристики доделени од природата, никој не мора да биде врзан со јажињата на традицијата - оваа комуникација не ги познава границите наметнати со културната и политичка хегемонија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакам оваа вечер да биде вечер на исповеди, со прочистена душа да чекориме по патеките на животот, да завртиме една сосема нова страница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа наздравија за времето идно. За новото време. Живот по сосема нов терк.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, во исто време беше свесен дека се наоѓа на сосема нов терен, во непознато ловиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можам сега само да ти навестам дека миговиве во кои сега живеам почнуваат да пишуваат сосема ново поглавје од мојот живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Смислата на нивното битисување доби сосема нова цел, заради која требаше да се живее. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги гледаше сите нивни лица, сите четири лица на сите овие четворица познати луѓе, кои што сега, исто како небото пред малку, мораше да ги открива на еден сосема нов начин, во таа нова длабочина на небото над нив, додека почиваа и додека си уфкаа во своите прежилени раце, а и после, додека ги палеа своите цигари, собрани во една група пред него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, полека, во тие непрекинати разговори во вечерите, пред Змејка почна да открива еден сосема нов свет, што за сето време дотогаш му останувал скриен под самата поврвнина на сето она, што тој го знаеше како неменливо и како од бога дадено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега, колебливо, несигурно, со триста недоверби, а сепак, секогаш сѐ подлабоко, тој успеваше да го сети како свој еден сосема нов поглед, еден нов клуч, со кој можеше да никне во сите тие прикриени текови под скаменетоста на она, што го знаеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почнуваше да ги запознава луѓето на еден сосема нов начин.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ, дури и неговиот живот, сега излегуваше на една сосема нова, обесмислена чистина, губејќи ги сите свои суштини и останувајќи само празно, попусто талкање, кога ќе се обидеше да си го замисли макар и само тивкото брмчење на човечкиот разговор во некоја квечерина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За ова би требало прво да поднесете молба во канцеларијата; таа би стигнала до шефот на одделението, до началникот на одделението, потоа би била предадена на секретарот, а секретарот веќе би ми ја доставил мене...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Акакиј Акакиевич навреме ја беше почувствувал задолжителната бојазливост, малку се збуни и, како што можеше, колку што му дозволуваше слободата на јазикот, разјасни, со уште почесто додавање на зборчето „онака“ отколку другипати, дека шинелот бил сосема нов, и дека сега е ограбен на најнечовечен начин, и дека му се обраќа нему, за да се заложи на некој начин онака, да му напише на господинот полициски врховен началник или на некој друг и да го пронајде шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Забележа дека овде беше истиот мебел кога ја посети книжарницата за последен пат во 1936 година, но на истите рафтови само сега разбирливо продефилирале низ рацете на многу генерации други, нови, нови стари и сосема нови книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се создадат сосема нови естетика и етика, дури во виртуалниот свет, на пример да не може да се втурнете во виртуалниот свет на некој друг.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не реплицирање на музиката, туку доаѓање до сосема нови искуства. ñСи го видел софтверот Фотошоп, нели?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Секако иднината на технологијата бара сосема нов начин на мислење.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако не ги пишував домашните, ако не се мачев со математиката, ако не морав на памет да ги учам лекциите од руски јазик, или францускиот кој беше сосема нов за мене, читав руски романи позајмени од градската библиотека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Почетните (1-5) и завршните (15-20) песни, освен песната под број 17 се сосема нови стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
„Ги најдов во стариот сандак.“ Таа помириса. „Воопшто не мирисаат на нафталин. Како да се сосема нови.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тие се сосема нови, и не се од некаков си сандак! „Да“, одговори тој.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Хичкок: „Интересно беше тоа што со искуството што го добив во американската организација „Фејмоус Плејерс” преминав во една сосема нова компанија, а не во некоја веќе постоечка организација, со утврдени правила на работа и организациони шаблони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Денешната технологија содржи огромен по­тен­цијал за технички напредок и продуктивност: можат да се создадат и развиваат сосема нови потрошувачки, а со тоа се создаваат и шират нови пазари.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека поп артистите и нивните први предци (Rauschenberg, Rivers, Johns) го воведоа радикално новиот свет на популарни теми во ликовните уметности, Енди го имаше сето право (со комбинацијата на неговата фотографска доследност во користењето на свиленото сито и пророчката моќ на неговите теми) да го даде завршнот збор во означувањето на крајот на претпоставената доминација на американското апстрактно сликарство и да постави сосема нов склоп на можности.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Бидејќи “композиторот не е веќе оној кој на другиот му соопштува или покажува нешто”, туку изведувачот презема дел од неговата работа и одговорност во одредувањето на меѓусебните односи помеѓу музичките елементи и параметри, од слушателот се бара сосема нов пристап кон okno.mk | Margina #10 [1995] 33 делото кое настанува пред него.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога се појавија пред дворот Мурџо не го скокна плетот, туку почека тие да влезат преку малечката вратничка за потоа радосно да ги поздрави со некој сосема нов глас во квичењето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од таа игра се раѓа љубовта, која отвара сосема нов свет на суптилно духовно зреење, создаваме страсти, копнежи, емоции.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со чувствата создаваме магија, мигови на очовечување, ги отвораме сетилата за да ја впиеме страста, надежта, мирисот на животот, патуваме низ некои непознати, волшебни, езотерични простори, сосема нов свет на поспокојно живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Суптилни креации кои ги поттикнуваат луѓето да проникнат во своите лични и најдлабоки емоции на себеспознавање и будење без страв да ја покажат љубовта, почитта што ја чувствуваат за себе и за светот околу себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За да ја утеши ужалената сосетка, ѝ подари сосема нов телевизор. Екран 72.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но тоа е сосема нова приказна што се повикува на Тјуринг-неразликувачите симболички и роботички способности (Харнад 1989).) Хејс: Еве еден тест: Да претпоставиме дека го прашуваш нештото за нешто на кинески, и додека чекаш одговор, набрзина го прашуваш на англиски, „Како оди?”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се појави сосема нов дел од мојата личност кој таму некаде длабоко тлееше и чекаше да дојде време да биде откриен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)