сосема (прил.) - несвесен (прид.)

Рада беше сосема несвесна и неконтролирана; врската меѓу мозокот и дел од сетилата како да беше прекината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сосема несвесна за она што сум. Во кое време се наоѓам! Во каква состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со саати го гледаше снегот како паѓа додека Македонија спиеше, сосема несвесна за изѕемнатите нозе на оние во планините, зад митралезите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие мислеа дека се таму за да ѝ го вратат сонот, не знаејќи дека таа тој сон никогаш и не го загубила.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)