сосема (прил.) - млад (прид.)

Тој загина во несреќен случај, сосема млад, со кариера која светлосно се развиваше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од оние на кои не им го знаеш името, ама знаеш дека, ако ја отворат устата, можат веднаш да те проголтаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше темна ноќ околу нас, на небото имаше сосема млада месечина, тенка како срп, што не може ништо да осветли, бевме сами во таа ноќ и среде тој страв што мене ми изгледаше голем и црн како некакво страшно и опасно, непознато диво животно од приказните.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Недалеку од него, висок морнар преграбал преку половината девојка сосема млада и срамежлива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)