сосема (прил.) - мирен (прид.)

- За чудо, овојпат Кејтен остана сосема мирен, како воопшто да не го интересираше она наоколу.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ додека оној не се смири и не остана сосема мирен крај тие темели, без да направи ниедно и најмалечко движење, загледан в земи и плеснат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога дожд од лисје и ѕвезди над мене паѓаше на клупа во паркот, во мирна, сосема мирна младешка есен, додека умираше последниот здив на радоста на есента во здивот на бакнежот земен.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)