сосема (прил.) - логичен (прид.)

И наеднаш, иако не можев да го видам, го слушнав неговиот глас: - Понекогаш потрагата по она што нам ни се причинува вистина, фрла грда сенка и врз најдобрите намери - слушнав како му реплицира на иследникот човекот затскриен зад светлината што беше вперена во моите очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За многумина, сепак донекаде затечени аналитичари на актуелната американска rock сцена, фолкот и country музиката се сосема логични исходишта за генерацијата израсната под теророт на екстремната бука на punk-от и hardcore-от.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа ја повтори и веќе изречената мисла, дека многу ќе се радува во колку ќе се покаже дека греши, но за негова среќа барем досега тоа ретко се случувало!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа докажувало дека сум ја знаел изјавата наизуст, дека со неа успешно сум манипулирал, а од таквото однесување произлегувал сосема логичниот заклучок дека станува збор за лажна изјава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем, тој брак беше сосема логичен и очекуван, но јас и ден-денес не можам да се ослободам од чувството дека во тој брак влеговме, и јас и Земанек, само за да немаме грижа на совест по однос на Јан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)