сосема (прил.) - задоволен (прид.)

Татко ми изгледаше сосема задоволен од нашето поврзување и зближување со Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
” Во тоа време бев сосема задоволен пишувајќи сценарија и работејќи на сценографијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со овие негови одговори британскиот Форин офис бил сосема задоволен, уште повеќе што Тито во однос на Македонија издал инструкции со кои на македонските политички и воени лидери им се забранувало да даваат изјави за "Грција или за македонското прашање, без да се консултираат со него".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но од документација е евидентно дека Тито не можел да ги смири духовите на Македонците во нивните намери, ако се создадат услови, да го реализираат обединувањето.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)