сосема (прил.) - друг (прид.)

Токму по негова препорака, тие изготвуваат писмена Опомена пред тужба и ја праќаат по пошта до подоцна тужениот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По недобивање одговор на овој поднесок, во мај 2008, поднесена е тужба до надлежниот Битолски основен суд – по основ на надоместок за извршена работа во износ од 19.900 МКД (325 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на целиот судски спор Мушаланов одржуваше контакти со наведеното овластено лице, при што во еден сосема друг спор на истата Агенција против друга компанија – за ненаплатено побарување – тој (Машаланов) беше викнат дури и како сведок во корист на матичната Агенција, за период кога тој беше работно ангажиран.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- а сепак затекнат во оваа култура кадешто „успехот” има некои сосема други, магливи контури и кадешто луѓето од 25 години (колку што имаш ти) речиси и не постојат - како изгледа таков успех?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Т.е., во светлината на овие нови околности - во Белград Унковски извонредно успеш­но го постави твојот текст, во Братислава исто се подготвува „Буре барут”, во план е филм, еден веќе имаш зад себе, неколку прилично забележани театарски претстави...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Денес во разни компјутерски мрежи се вклучени неколку милиони корисници, меѓу нив и многу „свесни” мејл-уметници, иако и оние другите, „несвесните”, ја играат таа чудна комуникациска игра во светот во кој уметноста добива некои сосема други форми.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, една улица - „Раковска“ - е празна поради сосема друга причина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Хичкок тоа го сметал за свој најуспешен настап во некој од своите филмови. превод: Ана Пејова извор: Hitchcock (зборник, Љубљана, 1984.) okno.mk | Margina #22 [1995] 157 158 Margina #22 [1995] | okno.mk Во следната Маргина Голем тематски блок за Александар Станковски Хитлерите, Тајните вечери, Ѓаволите и жените, Кокино, Маклабас, Лабрис okno.mk | Margina #22 [1995] 159
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со еден збор, Чамецот за спасување спаѓа во сосема друг вид филмови од оние на Хичкок: оној вид психолошки драми, кадешто групата луѓе се наоѓа на ограничен простор и егзистенцијално заострената ситуација ги присилува да ги „откријат картите”, да го докажат својот вистински карактер, да смогнат доволно сили за спасувачката одлука или да пропаднат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога се трезнеше Адем, Катето му тураше вода да се измие и да се разведри, но тогаш Адем беше сосема друг и не му додеваше со ништо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утре ќе се нареди книга да се однесе, чета да се пречека, да се нарани, да се скрие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така лут, Толе излезе од дома и отиде право во вигната од Стевана небарем палечник да потклепа, но причината беше сосема друга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Катето, пак, сосема други мисли имаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овде е сосема друга работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Честите судрувања со потерите, откаде тој излегуваше секогаш победник го направија силен и симпатичен во очите на мариовските селани, додека четата од Организацијата имаше сосема друг став.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А за работа — кој донесе еднаш не се поврати вторпат, бидејќи Толевиот занает беше сосема друг, та сето тоа што го мајстореше не чинеше за ништо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Смири се.“ Завршувањата, од друга страна, чувствува не- толку- младиот Фредерик повторно да ја предупреди својата не- толку- млада пријателка, некогашна учителка и штитеничка, се сосема друга работа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Прашањата дали нешто е уметност или не би требало да функционираат во сосема друг дедуктивен систем: на пример, според сугестивноста на делото, неговата идејност и апликативност, според неговата заводливост и искуственост итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, тука сѐ уште не сме постигнале многу... Би било логично новите суштества да имаат сосема нови особини...  Овие, под наводници “живи суштества” имаат сосема други особини од биомасата позната на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во вториот случај во принцип се сака истото но со една сосема друга метода (arte nova), па се докажува дека она едното, што се соединува, може да се расцепи на повеќе начини, при што секој поединечен дел секогаш ја одразува okno.mk | Margina #26-28 [1995] 230 “целината” - “неизговорливата” светска хармонија на мистерии.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште паметам јас како ми било мене кога сум бил на нивно место, но во сосема други околности Сепак, се вратија омацурени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Започна сосема друг домашен муабет за постојаната грижа како да се истера до крајот на месецот, со малата плата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, тоа е сосема друга приказна, околу која на некој начин се зборува и во Cirkonfesija и за тоа не би сакал да зборувам на тој начин... 4Се чини дека тоа за вас има големо значење? 4Можеби, не знам дали е така; дали до тоа дојде спонтано или тоа го измислив, го исковав, дали во врска со тоа избајав некоја прикаска, а сето прилично доцна, наназад последниве десетина до петнаесет години. 4Вашите први две книги Le probleme de la genese dans la philosophie de Hus- serl (1955 - Про­блемот на генезата во филозофијата на Хусерл) и L’origine de la geometrie (1962 - Поте­клото на геометријата) зборуваат за Хусерл.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Искуството на жалост и ветување ја воспоставува заедницата, но исто така ѝ пречи да се врзе, чувајќи го во себе залогот за друго заедништво кое, на инаков начин, ќе потпише некои сосема други договори. 4Постои нешто зачудувачко во нашиов разговор: не зборувавме за “деконструкци­јата”. 4Тоа не е нужно, а баш и не препукнувам да зборувам за тоа. 4Дали поимот деконструкција го означува вашиот темелен проект? 4Никогаш немав “темелен проект”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Војната во Заливот, на пример, е моќно, спектакуларно, трагично сосредоточување на таквите деконструкции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа време подробно ја проучував положбата на пишуваниот збор во историјата на науката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, Филозофот решил да провери дали старецот говори вистина: преку ноќ, на една празна штичка со сосема други букви ја запишал истата историја, онака како што ја чул од Кападокијецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие врвеле по еден пат, служејќи се со одделни методи на дејствување, а атентаторите со сосема други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Можеби тој веќе има одбрано некоја сосема друга.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Српските студенти прават сосема друг и спротивен впечаток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, за разлика од другите, кои Поетот ги привлекуваше поради својата особеност, кај овие двајца, причината беше сосема друга.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некој ти зборува а ти не смееш да си дозволиш да го слушаш, мораш будно да следиш што се случува, затоа што секоја секунда е потенцијално опасна, затоа што животот и смртта добиваат сосема други димензии кога си вака безусловно врзан за друго човечко суштество, затоа што нема назад откако тоа еднаш ќе го почувствуваш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
За жал проблемот е на сосема друга страна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Приказната за мојот живот ќе имаше сосема друг тек...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако бурната ноќ и кај нив остави трага, озарот на нивните лица имаше сосема друга светлина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Помисли, уште да си имаме станарско право на него, би било супер, но реалноста е сосема друга. Ова место го посакуваа и други.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од мигот кога го земаа бебето животот на овие луѓе доби сосема друг тек.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, белите прамени, остеопорозата и брчките кои беа видливи, отсликуваа сосема друга слика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зад неа се криеше една сосема друга вистина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада и Снеже на сосема другата страна од масата се навратија на спомените за Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа си имаше сосема други есапи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја погледна бледата сенка на својата фигура што паѓаше на ѕидот од левата страна на креветот и рече: “Јас сум изменет, јас сум сосема друг, јас сум мал, грд и лош.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој момент ти за мене беше сосема друг човек, службеник што се држи до пропишаните норми, ладен во односот со луѓето и неподносливо горд на таквата поставеност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Решив на Мариела да ѝ дадам посебна задача, а тоа беше времето кога нејзината преокупација со Москополе избледна и таа започна да работи на својата докторска дисертација на сосема друга тема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Лежејќи во сосема друга соба, скршено неподвижна врз куп нафрланици, успеав со мака да извлечам една покривка, или можеби тоа беше парче синтетичка завеса.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Излегоа сосема други димензии, според едни имаше една висина, според други - друга, некои трети пак го кажуваа тоа во сонот што мереле; беше неверојатно, ужасно, сѐ се претумба.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога најпосле застана, тој со нешто подруг глас, со некој глас што не го познавав ми рече: - Малечок Леме, слушај ме добро, ќе работиш тоа што ќе ти речам, - проклет да бидам, тоа беше сосема друг глас, чинам му гореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чудесно ќе те изненадат, ќе ти го изнаполнат срцето со топол ветар и веќе си сосема друг - гледаш само убави работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа имала сосема друг карактер, таа служи до денешни времиња и никогаш не се побунила против својот владател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Претставените зборови задираа длабоко во балканската историја, опстануваа во различните балкански јазици со отомански османски примеси, како живи елементи, кои не беше лесно да се искоренат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLV На Климент Камилски, по првите претставени зборови на Татко, посебно по поимот кадија, му стануваше јасно дека нивната мисија добиваше сосема друга смисла и застрануваше од замислениот правец и конечната цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога пристигнавме на аеродромот во Хонолулу, пред нас се појави сосема друг свет, нешто толку различно, а сепак убаво.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пред измената, членот 134 регулираше сосема друга проблематика.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Којзнае по кој пат се преиспитуваше: дали одлуката да се жени со девојка што се родила и растела во сосема други услови, во општество крајно различно од неговото - не беше дел од неговата борба со самиот себеси?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бев по сосема друга работа таму. Во тој град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кој од нив двајцата може да се измени... да стане поинаков... сосема друг?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Градот ги следеше од десната страна на насипот, особено некои големи и високи куќи со лснати џамови, ама кога скршнаа десно и откако ја поминаа градината со оголените дрвја, како да стигнаа на некое сосема друго место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но како да му помогнам додека чувствувам како ме измачува помислата дека не сум во состојба да го запрам времето и дека веќе наближува некој друг ден, некоја друга ноќ, а тогаш Јана ќе биде сосема друга жена, поинаква од онаа што тој ја познава, и дека тогаш ќе му припаѓа на некој друг.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ваквите настојувања беа толку присутни, и беа толку грдо поттикнувани токму од луѓето од кои Јана зависеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„А со она, со мажачката, што сѐ ти следува, што сѐ ќе ти биде одредено да носиш и да трпиш, тоа е сосема друга работа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа е сосема друга приказна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За само тринаесет дена, на 17 април 1941 година, југословенската војска капитулира.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но и покрај краткотрајната надеж и оптимистичките написи за можноста од давање отпор на нацифашистичката окупација што можел да биде укажан од страна на југословенската војска, реалноста на теренот била сосема друга.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На повторното инсистирање на Донован дали Бугарија се смета „притисната поради концентрацијата на германските трупи во Романија“, бугарскиот министер таквата констатација ја негирал, потенцирајќи дека „концентрацијата на германските трупи во Романија, како и на други места во Европа, ја сметал за сосема нормална“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Избегнувајќи го директниот одговор, бугарскиот министер за надворешни работи започнал да ги изнесува проблемите со кои се соочувала Бугарија „за повторно добивање на својата независност“, со што го свртел разговорот на сосема друга тема.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Е, и јас истото го мислам. А гледај чудо, ги напишал еден сосема друг човек, турскиот поет Дулгер заде Мехмед ефенди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ова е сосема друга работа, оваа страшна ноќ и оваа ужасна шума.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Главата да ти пукне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тоа беше еден сосема друг свет, уште не сум свесна што беше, што сѐ видов и што сѐ доживеав, ми се чини понекогаш дека само сум сонувала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да му велам, чекај, ќе видиш кога ќе пораснеш, лесно е додека имаш само една наставничка, сосема друга работа е кога секој час ти доаѓаат различни наставници и кога имаш по пет – шест часа на ден, а за учење, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Треперев од страв, или од студ – веќе не сум сигурна, кога одеднаш згрме грозен пукот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)