сосема (прил.) - доволен (прид.)

„Недоносената“ кула е обвиена во сивило, на неа има обесено долги знамиња што се виорат на сонцето, денес е денот на отворањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Реков дека војската нема никаква врска со патриотизмот; се повикав на Ајнштајн, кој има речено дека човек кој може да маршира на воена музика, во строј, очигледно добил голем мозок по грешка, и дека за тоа му е сосема доволен малиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш, не е ни чудо што задоволствата сврзани со овие самотни преносници и понатаму си се сосема доволни самите на себеси и не бараат никакво дополнување од надворешни извори, од други геј-луѓе, на пример.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Безборот соѕида ѕид. Сликата која ја виде Томо беше сосема доволна. Оправдувањата беа излишни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја затвори вратницата. Светлината што блесна му беше сосема доволна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Двата дена поминати во домот на Рада, за Светлана и Никодин беа сосема доволни да му го измерат умот на несудениот зет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)