сосема (прил.) - сум (гл.)

Со нив сосема сум раскрстила.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не можам да се бранам, што се вели, не можам ништо да му кажам, сосема сум му ја оставила устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Морав да признаам дека не сум знаела со кого сум живеела или, не дека сосема сум била лишена од предупредувањето на мојата интуиција, од предупредувањата на моите соништа, а и од конкретни факти, но дека сето тоа не сум го пуштила сосема да продре до мојата свест за да може да бидам онолку потресена колку што било неопходно, и да го преземам она, што било потребно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од букварот заедно со прашината излета цел еден свет на кој сосема сум заборавила.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секој вид неприродно однесување може да се протолкува како губење на самодовербата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа сосема сум свесен дека местото што го заземам, работата што ја извршувам и обврските што ги имам не трпат импровизации и сомнителни постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Напротив, моите задолженија бараат постојана будност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)