сосем (прил.) - разбирливо (прил.)

Погледнувајќи го така стражарот, Пискулиев можеше да заклучи дека неговото лице не издава ништо грозно, ништо што би влевало во човека особено тревога, ами напротив, иако строго, што е во моментов сосем разбирливо, тоа изразува извесна мерка на правичност, а од тоа повеќе на Пискулиева ништо и не му треба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ова од причини што, иако за нас е сосем разбирливо работниците да бидат против овој или оној наводно „независен“ синдикат, истовремено ни е целосно несфатливо работниците да бидат против самиот концепт на синдикално [само] организирање!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, поради тесната партиска блискост и заткулисни пазарења на т.н. синдикални лидери со партиите од власта или од опозицијата, тие повеќе се грижат за политичката коректност на своите потези и изјави, отколку што водат грижа за вистин- ските проблеми кои секојдневно го тиштат работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Марша, исто така, му зборуваше дека, ако некогаш, таа, неговата мајка што го родила, посака да се сретне со него, да го види, тоа ќе биде сосем разбирливо...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
2) Недоверба на работниците во бирократизираните синдикални лидери и разочараноста од декоративната улога на „жолтите“ синдикати Овде треба да имаме предвид дека и денес, не само во високоразвиените западни земји, туку и во „земјите во транзиција“, синдикатите се далеку најголемата компактна политичка интересна заедница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)