сосем (прил.) - точен (прид.)

 4 Оттука, ако немаме парничење, во духот на светиот правен принцип Bona fide [„совесно и чесно“] – не може ниту да се развие објективно [материјално] право, бидејќи уредувањето на овие правни правила, по правило, е cura posterior!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дека наведената умна мисла не е сосем точна, зборуваат многу животни примери.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа, сосем точни се зборовите на Б. Фриер (Bruce W. Frier) дека: На припадниците на пониските [општествени] класи, не им е познато ниту правото – па тие, исто така, се и жртви на социјалната структура која, не само што е прекумерно пирамидална, во нејзината распределба на богатство и влијание, туку е и врзана со груби општест- вени конвенции [и социјални предрасуди]... 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А работниците од пониските класи реално, немаат ниту средства, а ниту волја и знаење да се обратат за правно мислење до итрите правни со- ветници, консултанти или адвокати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)