сосем (прил.) - различен (прид.)

Куриозитет претставува новата архитектура на старата црква „В. Кајзер“, на која, околу камбанаријата, е изградена нова црква по форма сосем различна од традиционалните и класичните цркви.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гласот од телекранот замолча и додаде со еден сосем различен, далеку посериозен тон: „Се предупредувате да бидете подготвени за важно соопштение во петнаесет и триесет. Петнаесет и триесет!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Димензиите на моментот се сосем различни, така на пример, моментот на создавањето на светот во Библијата трае шест (човечки ли? Божји ли? земни ли?) дена, сосем на ист начин како што објективно не се точни изразите: „еден човечки век“ - кој не трае стотина свртувања на Земјата околу Сонцето; - „уф, колку беше долг денот” - кој не потраја подолго од пропишаните 24 часа и цела низа останати изрази и фразеологизми, сврзани со индивидуалните сфаќања на времето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нашите напори насочени на остварување на можните когнитивни архитектури би биле имплементирани врз компјутерски единици, ви се допаѓало или не, физички 98 Margina #3 [1994] | okno.mk сосем различни од мозокот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А тогаш еден друг, сосем различен глас, еден тенок, култивиран глас, за кој Винстон помисли дека го слушнал веќе порано, упадна: „И, патем речено, кога сме веќе кај тоа 'Еве една свеќа, да ти го осветли патот, еве еден џелат да ти го скине вратот'.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Патот што му го зададе сега, беше сосем различен од оној по кој дојде и го одведе на сосем друга железничка станица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)