сосем (прил.) - поинаков (прид.)

Кај нас, да се вратам, ситуацијата е сосем поинаква.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од сосем поинаков карактер се изложбите на Сорос центарот за современи уметности („Кутија со слики” и ЦД Ромот „Икона на сребро”).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Учебниците по историја велат дека животот пред Револуцијата бил сосем поинаков од сегашниов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му падна на ум дека кожата мора да ѝ е сосем поинаква од онаа што беше некогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше впечаток дека во оваа просторија изнуркал од некој сосем поинаков свет, од некој подводен свет длабоко под неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Необично беше тоа што, додека го пишуваше тоа, во главата му се разбистри едно сосем поинакво сеќавање, до таа мера што се почувствува речиси способен да го напише.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од таа ноќ таа сосем се измени, стана сосем поинаква, немаше веќе змиски поглед, ами мек и кроток; го немаше она напнато лице од бес и незадоволство, ами отпуштено, женствено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сајберпанкерите воведоа сосем поинаков однос кон модерната технологија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сега, по многу години, овие наста­ни за Татко имаа сосем поинаква смисла од времето кога Мајка ги собираше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)