сосем (прил.) - инаков (прид.)

А во Македонија работите се сосем инакви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сепак ги носеа обележјата на нивното велможје, ги славеа боговите кои населуваа сосем инаков свет од овој, ги пееја старите песни со зборови, кои, архаични, им се чинеа како цврста залога на некогашната моќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Третата етапа ја нарушува самата оваа рамка: самата форма на Идеалното Јас го надополнува нарцистичкото „големо Јас”; овде веќе не треба да се справиме со индивидуа која мора да ги интегрира барањата на околината структурирани во симболистичката инстанца на Идеалното Јас ниту пак со „Нарцис” кој игрите не ги смета за опасни, кому барањата на околината му се изнесени во облик на „правила на играта”; така наречениот „општествен притисок” овде се искажува на сосем инаков начин, не во обликот на Идеалното Јас туку во облик на „аналното”, садо-мазохистичко над-јас. 34 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)