совршено (прил.) - ги (зам.)

Навидум изгледа дека премногу невешто се обидуваме да го откриеме светот и неговите мистерии, но длабоко во нас совршено ги разбираме појавите и нивните законитости, точно онака, како некој скриен учител, да нѐ води со фенер во црна ноќ, низ безредието на мачното секојдневие, покажувајќи ни ја вистинската насока на патот, дури и во најтешките безизлезни мигови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Колку беше жива таа веќе далечна слика, со сета заднина на мирисите и на звуците на летото и со топлите, по малку влажни, свежи усни на девојката, кои неподготвено, а сепак совршено ги пречекаа неговите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговите усни изненадувачки совршено ги притиснаа нејзините, под агол од кој таа само за еден краток миг виде како тој ги затвора очите пред и таа да ги затвори своите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)