слободно (прил.) - време (имн.)

Во едно општество кое на сите нивоа е репресивно и кое ни го наметнува ритамот на живеење и умирање, темпото на нашето работење и нашето слободно време, би кажал дека Александар Бренер е поважен отколку Казимир Малевич: зар секогаш не се претпочита животот пред смртта, безгрижните пролетни соништа не се постимулативни од сувите лета или безволната есен?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас сум за слобода на изразот, слобода на дишењето, слобода на насмевката, слобода на изборот да се умре или да се живее.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Уметноста на виртуелните машини без тешкотии можеме да ја поврземе со сегашните трендови за естети­зација (политика, јавност, стока, активности во слободно време, информа­ции...) и посебно со оние процеси на новата сензибилност, кои се темелат на ширењето и дополнувањето на „природната”, дадена, фактичка осетливост.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
4) Воведување на допирот: промена на подрачјето сетила - теоретичари Ненапорниот влез на екстремните уметнички инсталации на техноартот, кои што инвестираат (пред сè) нови научни парадигми и информатички технологии за стимулирање на виртуелни светови, во општествениот систем на уметноста е факт, но таа новост никако не е без последици како за теоријата на уметничкото (философија на уметноста, естетиката) така и за науката која што размислува за општествената судбина на сетилното во доцниот капитализам (социологија на културата и социологија на life stile-от).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не се работи повеќе за индустриски, тешки машини, кои се (беа) објекти на насилство за време на штрајкови и кои, на крајот од едноличната „работа”, налутено ги исклучуваш, ги туркаш од себе и се трудиш веднаш да ги заборавиш; твоето слободно време започнува на другата страна од нивниот работен делокруг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За луѓето од овој град Витоша е незаменлива; и зиме и лете, секогаш кога ќе се најде слободно време, се оди на Витоша.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А сега поинаку зборуваш. Уште и ни се закануваш! Предизвикуваш!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не може сето слободно време, ние петтемина - сами ага, сами паша.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми иде да ти се нафрлам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Инаку, разговорите на оваа тема ми пополнија голем дел од моето инаку изобилно слободно време.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вистина работата е тешка ама после имаш слободно време што сакаш да правиш; одиш во театар, одиш во кино, одиш во парк...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Речиси сите сакаат риболов, кога имаат слободно време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Понатаму, културните практики им даваат на геј-мажите вентили за страстите што му припаѓаат на ред наводно повисок од сексуалната активност и што дури може да спаѓаат во естетското, во духовното или во несебичното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разбирливо е што она што геј-мажите би го вреднувале и би го негувале во тие дејности е токму тоа што милостиво се изземени од сексуалноста и, со тоа, од обвинителна осуда, било од други, било од самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да биде телесен, животински чин што може да се доживее како недостоинствен, гнасен, срамен и изопачен (барем, ако го правиш како што треба), архитектонската реставрација, музичката изведба или собирањето уметнички дела не само што се општествено угледни, јавнодуховни и фалодостојни туку и тие, токму како и модернистичката апстракција во овој еден поглед, овозможуваат искупителска шанса да се надминат телото и неговите функции – да се избега од избербатениот идентитет на (хомо)сексуален субјект и од сета стигма што оди со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само помислете на Либерачи (кој во слободно време беше и реставратор на куќи): само благодарение на тоа што си изградил сложен вештачки идентитет на отмен и гламурозен уметник, на ширач на висока музичка култура, можеше да го поништи презирот што инаку ќе си го навлечеше затоа што беше онаква кралица.362 Нема сомнение, извесен дел од привлечноста на настраните културни практики за геј-мажите лежи токму во нивната далечина од отворената сексуалност: тие на геј-мажите им овозможуваат други облици на настран израз од оние строго сексуалните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидееќи имав слободно време, а и нешто пари заштедено, одлуката падна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Зад мојот грб собата во која ќе ги поминувам деновите, односно ноќите, зошто во следните месеци не ќе имам многу слободно време за одмор.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На располагање му стојат слободите што во долгите векови мачно ги заработил спојот на филозофската генијалност и политичкото јунаштво, благословено со крвта на мачениците; по заслуга на најпродуктивното стопанство во историјата на човештвото гарантирани му се удобност и слободно време; науката продре во тајните на природата, за да го снабди со чудесна, на оригиналот верна репродукција на звук и слика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дете што расте, чиешто тело го тресат оргазмични ритми; чиишто чувства се изразени во химни што ја слават радоста на онанијата или убивањето родители; чијашто желба по слава и пари нашла свој пример во бисексуалниот музичар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И каков е врвот на тој напредок?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А тоа дека само мајките треба да се грижат за децата е наметнато од страната на мажите, за да им го одземат целото слободно време на своите сопруги.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Забораваш дека во оние семејства во кои сето време на мајките е посветено на децата и на домот, во тие семејства и мажите немаат слободно време, затоа што од утро до мрак работат за да можат да го издржуваат семејството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е природна поделба која постоела од почетокот на човечкиот род – мажите како посилни повеќе можеле да заработат, жените останувале дома со децата.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кај нас, театарџиите (секоја чест на исклучоците) во слободно време можат да бидат се: пекари, лекари, столари, аптекари, травари, таксисти - само не консументи на театарски претстави во кои не учествуваат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но штом Столпник ќе добиеше слободно време, одеше крај реката Мајна и ги гледаше сликарите што тука се собираа и цртаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сето слободно време си го поминуваа во визбата кај Џеки и Белчо, ги канеа со јадење, што кришум го изнесуваа од дома, и се играа со нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Имаше љубовна врска со трговката Распопова, кај која во саботите јадеше полнети пирошки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во слободно време пишуваше проповеди за градските попови и од латински ги преведуваше делата на Тома Кемпијски.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Голем дел од своето слободно време го трошеше на имотот кој неколку години по ред го земаше под наем од Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прошетките се проретчија, така што сето слободно време што го имаше на претек, го поминуваше под летниковецот скриена од љубопитните очи на минувачите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Летото за Рада беше бајка. Целото свое слободно време, што го имаше на претек, Томо и го посвети на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека целодневното фантазирање ќе го оставиме за некој друг живот, каде ќе живееме многу подолго и ќе имаме слободно време во изобилство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Единствено место каде што можевме да го поминеме малкуто слободно време беше дворот, вам веќе познат, и појасот околу ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во слободно време ги носеше на кино, на циркус, на капење во базен, во зоолошка градина, на коњски трки, на фудбалски натпревари; и кога шетаа, за едната рака го држеше мајка им, а за другата тие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Берлоу ја знаел Dolores и бил заинтересиран и за некои други идеи на Frere-Jones кои ги истражувал во слободно време.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во принцип, членот на Партијата немаше слободно време и никогаш не беше сам, освен в кревет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гарантирам дека родителите ништо не им оставиле, ниту добиле на Бинго, ниту пак Ѓоко у слободно време дила дрога на малолетници... Чесно го заработиле секој долар.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Интересно. Јас самиот малку во зимското слободно време со тоа се занимавав.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И трето, пропишано е дека работодавачот е должен на претставникот на работниците да му обезбеди доволно слободно време, без намалување на платата, како и соодветна опрема за непре- чено да ја врши својата функција како претставник на работниците за заштита при работа (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И секоја животна ситуација ја мериш со аршинот на нивните мудрости: „Кој има слободно време, тој мисли. А кој мисли - работи против државата!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ни пиеше ниту пак се коцкаше, но сето свое слободно време, особено сега откако беше пензиониран, го поминуваше по кафеани колку слушајќи толку и кажувајќи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто тука во варницата тие живеења како во касарна, со право на слободно време.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
О, сестро Чано, добро ни дојдовте! Ние со мајка Перса и Пеличка тркнавме до црквата Света Богородица, забрането е да се слават верски празници, ама во слободно време човек може да запали свеќа во некоја црква!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од другата страна е секојдневието со правила кои ќе ги следиш од пет насабајле ако несакаш да заглавиш во системот на бирократијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, сѐ уште го носиме товарот да го прераскажеме тоа што го проживеавме, ако сѐ уште има некој кој сака да не ислуша.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Апсолутно слободно време е можно после смртта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Живот каков што сакаме, но само ако доволно долго спиеме и го имаме целото слободно време за сонување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А имавме толку слободно време!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе повторам: Користете секое слободно време од неделниот одмор да го поминете во средина што е поквалитетна од оваа што ја имате во градот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Што ми даваат? Ми даваат можност во слободно време да го работам она што ме привлекува, за што имам афинитет - афинитет...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но да се вратиме на Тирана, каде што опресивната атмосфера на вашето патување од 1979 г. не ви оставило бездруго слободно време да замислите дека еден ден би можеле таму да сте по повод преведувањето на вашите книги на француски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ниту еден миг да немаат слободно време.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заради зголемување на борбениот дух на борците да не им се остава слободно време.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па, замисли си, во наредбата што ми ја пратија некни, пишуваат: „За да се зајакни борбениот дух кај новододјените борци, кои добороволно стапија во Демократската армија на Грција, во слободно време, офицерот за културно-просветна работа, задолжително да почне да ги учи да пеат револуцинонерни и борбени песни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Им остана ли слободно време, тогаш не само ќе мислат, ами и ќе размислуваат, ќе оценуваат и проценуваат, ќе судат и расудуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Какви песни, бре! Какво слободно време?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Благодарам. (Седнува.) Господин Стево веќе неколку дена љубезно ме кани да ја посетам вашата фамилија, а ете, дури сега најдов малку слободно време.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во слободно време секој ден нешто подготвувавме, учествуваше хорот, правевме скечеви, вршевме проби и во градовите организиравме забави.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На почеток се храневме заедно со штабот на дивизијата, а подоцна се одвоивме со другите приштабски единици и, се разбира, храната ни беше поразлична.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мислам дека вие двете би можеле да бидете многу добри другарки, кога таа би имала макар малку слободно време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)