скришум (прил.) - ќе (чест.)

Ќе појдам на нива и скришум ќе ставам едно снопче во седелјето од магарето. На самарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Понекогаш скришум ќе го јавнев на грбот, ќе го стиснев со рацете за роговите и ќе му викнев: - Буц бррр! Буц бррр!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Самата, скришум ќе си го читав по десетина пати во извесни мали временски растојанија, одмерени колку за да заземам дистанца.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)