скришум (прил.) - го (зам.)

ТЕОДОС: А, нозеве ми се здрвија како да не се мои. (Сака да стане, а несигурно стои.) Не држат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Цифрите на ИСБН 978 929068 2387 на Практикумот соодветствуваа на она што Ема Ендековска скришум го забележала на едно ливче во домот на госпоѓа Мариела.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Новите сиџилисти, до вчера послушни ученици, скришум го поздравуваа кога се упати до архивската кантина, да си го испие своето редовно кафе, но сега без шеќер.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Исплашените Сниченци телото на јунакот ноќе скришум го префрлиле во атарот на селото Езерец, па оттука подоцна во чест на тој критски паликари било прекрстено во Петропулаки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Или за оној дебелко кој едвај влегуваше во своето Fiat Seicento, за кого претпоставувавме дека скришум го позајмува од неговата жена, додека таа комотно се шири и на другата половина од креветот што тој пред малку ѝ ја ослободил.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ТЕОДОС: И отрувачка да ми дадат, да земам! (Ја зема цигарата, скришум го кине врвот и повлекува, се накашлува.) Тхи, тхи, тутун. Ѓубре, труе! ПЕТРИЈА: Малку е серт, куме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но сепак понекогаш се фаќаше како скришум го погледнува кога минуваше покрај нејзината канцеларија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)