сигурно (прил.) - им (зам.)

Веројатно провериле дали сум партиец или не, па сигурно им рекле, ако потпишал Водачот, нема што некој да се прави поголем католик од папата, си помисли Татко, утешно.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И не се излага Иге. Толе ја прегази прв Црна баш на Скаклевите воденици каде што претполагаше и Ѓорче, и под самото Чаниште ги дочека четите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
• И остана Ѓорче со дружината — поп Пана и Игета —тука, а Тоше и Милан тргнаа да ја фатат со ноќ Маргара и да видат ќе има ли однекаде некој абер или паднаа вчера в раце — Ако никој друг, Толе сигурно им има побегнато на агите — го уверуваше Иге Ѓорчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислам дека луѓето би требало да видат сè и дури тогаш да се одлучат - то ест, да ги спречат другите луѓе да одлучуваат за нив. што и да правеше, Фектори сигурно им помогна на толпа луѓе да одлучат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа лето ја запознав Кенди Дарлинг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
До 67. dragqueens сè уште не беа прифатени во официјалните фрик центри.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Всушност токму тогаш повторно ја видов големата сјајна месечина, но овојпат сместена како гнездо во крошната на високиот костен, па вејките на дрвото се исполнија со многу посребрени плодови, а на поспаните птици, (си помислив самозадоволно), на оние на кои едното око постојано им е будно, сигурно им се причинуваше дека и овојпат тие се посакувани украси на некое празнично дрво што месечината од посебни причини го украсила токму за мене!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако седат дома, сигурно им беше најстрашната смрт – од глад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И си одговарам: сигурно им дозволил тој, кој многу сакал тука да не остане белег од темели и цркви зашто некој друг би прашал чии беа, кои беа и каде се тие кои беа?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога се вратив во нашата барака, отидов право во трпезаријата, на појадок. Отла ја немаше таму.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сигурно им е подобро,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сигурно им успеало да грабнат некоја златна тула од онаа петокатница или да соберат некој златен лист од липите што Малчо ги озлати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Првото сигурно им е на кршатавањето в црква.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)