сигурно (прил.) - го (зам.)

Најпосле стивна отровниот глас од радиото, што сигурно го загорчуваше животот на секое семејство во Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако нашата Сталинка беше кревка и немоќна кога ѝ го дадовме името, тогаш снажниот прч на Чанга сигурно го заслужува ова име.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козите сигурно го освојуваа градот. Набргу се врати детската врева, децата сега поцврсто газеа, нивните игри беа подолги, успехот во училиштето беше подобар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ќе напаѓаа големи снегови, по кои ние израс­навме, секогаш гледавме во нив да не ги откриеме трагите од копитата на козичката Мила, која сигурно го бараше учителот, неговите деца, сите нас од времето на козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој сигурно го беше победил стравот во себе, сега сакаше да ги ослободи сите козари, стари и млади...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Долго време не излегуваше оттаму. Сигурно го очекуваше Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и да престанам не смеам зашто оној момент кога ќе се смирам на едно место, тоа некако сигурно го знам, во тој момент ќе почнам да тонам како во живо блато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Никој не се помести, сите беа премногу исплашени за да направат било што, освен, секако, Пол, кој веднаш почна да му зборува на типот дека полицијата ќе дојде веднаш бидејќи сигурно го чуле истрелот, но типот му одговори дека му е сеедно и дека нема да си оди додека не ги собере своите 500 долари - а тогаш погледна наоколу и рече дека ќе ја понесе филмската опрема и еден заложник.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека Тејлор висеше на него, типот извади нож.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Одненадеж, Тејлор скокна врз него. („Имав впечаток дека скокам на челична статуа. Толку беше јак“, ми рече подоцна Тејлор).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сигурно го зела детскиот додаток (има две деца) и ќе ѝ стигнат до крајот на месецот. Тоа е добро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Чоекот надлежен за мењавање вода сигурно го стрефило пролив па каснеше цели 20 минути.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Татко сигурно го насети моето неодредено чувство на вина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Татко сигурно го бара излезот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сигурно го пишува својот дневник...“ си мислеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А сигурно го убиле патема и го закопале некаде незнаено каде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така тогаш правеа Трбиќевците и српските џандари во поробена Македонија - убиј некого, кој не му беше по ќефот, убиј го чинеа потајум и прогласи го за избеган во Бугарија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можеме да знаеме сигурно што Кондијак подразбирал под “наука”, но тој сигурно го немал ограниченото значење што ние сега го имаме за тој термин.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бидејќи како што философот од 18 век Кондијак (Condillac), (во Дерида, 1987, стр. 103) напишал: „Дали сакате да ги научите науките со леснотија? Почнете со учење на вашиот сопствен јазик“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Велејќи дека неговата работа е повеќе јапонска отколку онаа на јапонските уметници, Noguchi сигурно го идентификуваше јапонството како естетски, а не како географски или политички фактор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Некој, најверојатно Бил Девит, сигурно го одвезол до дома.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Раката сигурно го почувствува капењето на нејзините тешки солзи, милувањето на мекиот и мазен образ што ги галеше влакната на неговиот зглоб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Белиот мачор сигурно го слушнал неговото викање, зашто се појави како од никаде и скокна на скутот на старецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Раката сигурно го чувствуваше гласот што липаше задушен од љубов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рисот сигурно го дебнел за сето време оној малумен клапчо, сигурно и многу поодамна на него, а сега беше побрз и го однесе во своите заби.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега ги гледаше снежинките, беа меки и сигурно го имаа оној скокоткав допир, како прстињата на пеленаче по твоето лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си го пушта јазикот и сигурно го навреди.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сигурно го насланил во жилите, му го подјал коренот, го попарил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зборува така Григор, не запира. Сигурно го фатила ракијата и сака сѐ да каже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако не го голтна земјата, сигурно го кријат дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно го удриле со клоца, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Велам: и ако сум таму? (Зашто сето ова го мислам со тајната предност да не сакам всушност да поверувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие што успеваат да се ослободат од притисокот на амбициите во нивната свест, сигурно го имаат клучот на спокојната среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше во својата lucida intervala. Како никогаш дотогаш. На тоа сигурно го поттикна споменот на Тито.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигналите што ги имаше од Варшава, од Фронтекс, од агенцијата за менаџирање на надворешните граници на европските земји и сознанијата што ги добиваше од своите најблиски соработници, полека но сигурно го склопуваа мозаикот за нелегалната миграција со што се создаваа услови за ширење на трговијата со луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но сигурно го виде како доаѓа кон неа, и веројатно ја сфати пораката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој сигурно го мразел заради тоа, а не можел да одбие.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бидејќи во мислите имаше слични мигови, си рече дека сигурно го фаќа треска и присилувајќи се да се смири, се сети дека вратата е заклучена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога Татко ќе најавеше блиска преселба, Мајка дол­го му се доверуваше на огледалото, небаре бараше одговор од некого кого сигурно го гледаше во огледалото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тука беа двата кревети на слугинките, еден од кујнските ормани, шкафчето за садови, и трициклот на стариот... и уште еден куп скршено стакло... сигурно го беа испразниле таванот!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Целата дупка!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ова сигурно го има направено игуменот и отец Иларион - рече Стивенс. - Со крстови да нè испратат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа јас сигурно го знам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас тоа сигурно го знам, мислеше дека говори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Непознатиот сигурно го позна и радосно извика: - Ти ли си, бре Евто?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сигурно го повторуваше прашањето трипати или четирипати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Му реков на дед Павел: "Можеби не знаеш а можеби и си претпоставувал, ама нашите деца, во оние ноќи кога најмногу ги немаше, сигурно го правеа она најопасното; беа влезени во некоја голема авантура.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Биди благодарен дека излегоа од тој ѓаволски оган здрави и живи".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толку бев збунет што се најдов во ваква нова средина, што дури во тој момент ми текна дека моето не толку далечно семејство е нешто невообичаено, дека дури и мајка ми и баба ми, кои дури двапати годишно ги чистеа ѕидовите од станот, не беа толку чисти, уредни и вознемирени околу чистотата на куќата како што беше тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се смрзнав во место, исплашен да не скршам или да не уништам нешто, а потоа ги собув чевлите и смрдливите нозе ми пропаднаа во белиот килим, кој беше толку чист што моите чорапи сигурно го навредија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурно го готвеше како што ти кажав? - ме праша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ведран веќе не носи пелени На мојот син Ведран Ведран веќе не носи пелени, и сега, мочајќи кај ќе стигне бавно но сигурно го изодува патот до шолјата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Послано само едно веленце и покриена со една дипла од ткаено платно, кое сигурно го имала наменето за чеиз на децата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)