сексуален (прил.) - однесување (имн.)

Можам отворено и недвосмислено да си ја обзнанам сексуалноста, дури и кога ги оградувам непријатните подробности за своето сексуално однесување и за своето културно дисидентство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно упатува на луѓе што прават истополов избор на сексуалниот објект и, можеби, укажува дека и не се срамат од својата сексуалност и не гледаат да ја скријат. ‌Како таков, поимот „геј“ ѝ дозволува на мојата сексуалност општествено да се обзнани под превезот на една пристојна ознака, речиси еуфемистична, и во смисла на идентитет, а не на еротски субјективитет и на сексуално однесување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сексолозите од деветнаесеттиот век, секако, биле изразито против истополовото сексуално однесување, но таквото однесување, иако очигледно девијантно, само по себе не претставувало непогрешлив знак за сексуална различност,46 дури ни според големиот германски авторитет за сексуалната перверзија, Рихард фон Крафт-Ебинг, кој „перверзијата на сексуалниот инстинкт“ внимателно ја разграничил од „перверзноста на сексуалниот чин“.47
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)