секогаш (прил.) - лесно (прил.)

Обично, секоја вечер, со истите движења, му се подавав на сонот што секогаш лесно ми надоаѓаше како облак преку полна месечина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Вистинска гордост ќе имаме само кога ќе бараме признание на култура што не е само сексуална“ (небаре култура што е само сексуална би била сосема срамна работа – или, барем, небаре тоа би било нешто со што не би се гордеело ниедно пристојно човечко суштество).361 Но, вистинскиот проблем не е што машката геј-култура веројатно ќе се сведе на ништо повеќе од само курови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И штом, во нашево хомофобично и сексофобично општество, е секогаш лесно да се нападне геј-сексот, а е мошне тешко да се брани, изгледа не вреди да ѝ се купува угледност на машката геј-култура со нејзино спасување од неугледната вклученост во машка геј-сексуалност, како што се мачи да направи Лари Крамер (кого Фелоус го цитира двапати): „Сигурно во геј-културата има повеќе од само курови“, вели Крамер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако сигурно е точно, како што вели Фелоус, дека „гејството подразбира многу повеќе од сексуални партнери и практики“, не мора нужно да заклучиме дека геј-културата во голема мера произлегува од женствената родова ориентација и од инаку „несексуалните димензии на природите на геј-мажите“, како што и тој тврди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во Македонија отсекогаш се среќаваа многу различни народи, вери, и успеваја да најдат заеднички јазик, иако не беше секогаш лесно, односно беше и многу тешко и многу лошо, како шо сите знајме.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, возможно е и дека клатното можеби се занишало премногу во спротивната насока.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)