секогаш (прил.) - заедно (прил.)

Биле секогаш заедно и се поднесувале меѓу себе - некому среќата ќе се насмевне со усните на Фиданка; искажувал свои сомневања и намигнувал со влажно око, повеќе несвесно отколку што сакал да ги увери дека ги знае сите тајни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле неразделни со мајка ми, секогаш заедно работеле земјоделие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- А потоа, задоволен од можноста дека ми помогнал и на тој начин ја потврдил корисноста на своето присуство побрза да додаде - Можеби не знаете но времето и вистината не си играат секогаш заедно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Мајка и баба секогаш заедно се молеа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Господе боже, зар срцето и очите секогаш заедно умираат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Те нашле на туѓ праг и те намердале. Да, го нашле. А што барале тие посвојници на гревот таму?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)