секогаш (прил.) - буден (прид.)

Очите ја оддава целосно. Секогаш будна, дури и кога спие, таа спие со лесен сон и нејзините очи следеа се.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше еден дел од сета таа работа, се чувствуваше себе си како еден непогрешив дел, остануваше секогаш буден за секоја ситница, буден, до бела усвитеност, за секоја и најмалечка промена во звукот на писокот на пилата, за секој искачен милиметар од своите лостови, а под неговите раце сè стануваше послушно и мирно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас сум секогаш буден рекол тој и ги пуштил да влезат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Требаше здраво да се заузда таа уста и главната улога во тоа му се падна на мојот десен палец, којшто мораше да биде секогаш буден и да ја опсраќа кожата, да ја укротува, да не зине.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)