секогаш (прил.) - сака (гл.)

Сѐ уште не знаеме за содржината на Бојсовата библиотека.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дури и во Бојсовата социјална визија има хармонична трансформација која тој ја сметаше за основна во разбирањето на природата на двата пола со 92 Margina #11-12 [1994] | okno.mk исти права.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој секогаш сакаше да ги активира двата енергетски извора, дури и во неговите скулптури и инсталации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А тој, ненавикнат, како што ѝ рекол еднаш на Мајка, ниту да дава а ниту да прима комплименти, секогаш сакаше да го прекине Камилски во тие негови напливи. Но тоа не му успеваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ашлак, - му се истопори Аргир. „Самоволник, секогаш сака да врви само по неговото“ - помисли со негодување Веле за Аргира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секогаш сакаше дизгините таа да ги држи во своите раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Весел од секогаш сакаше да ги посматра микрокозмичките пејсажи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Господе, колку убаво е напишано! Секогаш сакав да го видам тоа што го пишува, уште неизлезено од машината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакаше повеќе, тој секогаш сакаше повеќе, и кога беше со неа, и кога беше без неа...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секогаш сакаше да биде прва, но немаше злобни намери.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но исто знам дека човекот секогаш сака да биде со некого, па макар и надалеку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секогаш сакаше да избрза напред и дури кога ќе се оддалечеше од оние двајца назад можеше да биде задоволен што е сам во таа неразгазена белина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше вистина, оти тој секогаш сакаше тврда перница.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Закинтос е, фала му на Бога, учен на етничка различност, па жителите секогаш сакаат да комуницираат со други култури.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еден ден кога нужно ќе заминете од островов, ќе Ви биде жал што не сте се дружеле со луѓево.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој секогаш сака сè да провери, за да биде сигурен дека не згрешил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оние што зборуваат одмерено, човечки, со желба да бидат другарски разбрани, секогаш ни се драги, секогаш сакаме да ги слушаме, сакаме да ги среќаваме, да работиме со нив, да се дружиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Секаде се еден до друг, од прво до четврто, па и во петто не се разделија... милата Јана, никогаш за ништо не го накодоши - како што знаат да кодошат девојчињата - секогаш сакаше да му даде и гумичка, и молив, и боички, и острилка, му даваше без да побара, не им требаа зборови - со поглед се разбираа...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Навистина беше таква.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа секогаш сакаше и нејзиното име да шета низ загадочните приказни чиј што свршеток никогаш не беше доволно јасен, иако напати можеше да се наслути".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бев многу чувствителна и секогаш сакав да плачам, но никој да не ме види.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Не можеме, - вели Билјана. - Таа секогаш сака да биде мајка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)