секогаш (прил.) - бил (гл.)

Македонците никогаш не вршеле терор! Секогаш биле попустливи. Навидум невозможно, но вистинито!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Чанга не можеше да одреди каде цели татко, замислено трагајќи по директната врска помеѓу козите и балканските јаничари, па рече, повеќе за себе: – И во сите тешки времиња на Балканот козите секогаш биле со луѓето? – Да – прифати татко ми – козите биле со луѓето во сите тешки времиња на Балканот, пошироко во земјите на Средоземното Море, на Балканот и Далечниот Исток.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа секогаш била форма во која на трауматски начин излегувал на виделина некој внатреопштествен антагонизам.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Теоретичарите секогаш биле вешти во пишување - litterati - и се бореле против размислувањето во слики, значи против магиското мислење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
317 Во своите извештаи за економската и социјалната состојба на населението во Западна Македонија мисиите меѓу другото известувале дека: “животниот стандард во оваа област е и секогаш бил многу низок дури и за Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од една страна уметничкиот прогрес секогаш бил во непосредна врска со прогресот на науките и социјалните односи во едно општество.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Теоретичарите од секогаш биле вешти во пишување - litterati - и се бореле против мислењето во слики, значи против магичното мислење, и размислувале за видовите букви.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овој развој, поврзан со оној на етнологијата и на историјата на писмото, нѐ учи дека фонетското писмо, средиштето на големата метафизичка, научна, техничка, економска авантура на Западот, е ограничено во времето и просторот, самото се ограничува токму во оној миг во кој својот закон им го наметнува на културните полиња, единствените кои сѐ уште му се измолкнуваат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа енклава исто така е местото на кое практиката на научниот јазик однатре и сѐ подлабоко и подлабоко го оспорува идеалот на фонетското писмо и сета негова имплицитна метафизика (метафизиката), т.е. особено философската идеја на episteme; како и онаа на istoria која е длабоко зависна од неа, и покрај раздружувањето или спротиставувањето кое ги упати една на друга во една фаза од нивниот заеднички развиток.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс во својата уметност секогаш бил на премин од студеното кон топлото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс никогаш не успеал во потполност да најде соодветен однос кон телото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во боди-артот примарно е чувството на топлина или студ - чувството на блискост или одвоеност на телата, посебно на сопственото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Историјата и знаењето, istoria и episteme секогаш биле определувани (не само од страна на етимологијата или философијата) како свиоци на видикот на повторното присвојување на присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Грчките пропагандисти одамна го трујат тамошниот народ и му ја убиваат душата; арнаутите им ги отимаат имотите на селаните, им ги палат куќите и ги убиваат; цинцарските анџии и чорбаџии, кои скоро секогаш биле грчко оружје, тој несреќен крај го имаат доведено во страшна положба; агентите на Милоша Милоевиќа - кои би требало да бидат апостоли на јужнославјанското единство и ангели-хранители на незаштитените и убиените, т.е. кои би требало да ги заштитуваат бугарската народност и бугарското име - проповедаат некакви назадни идеи, сеат раздор, создаваат поблеми и ги тераат своите браќа и сојузници да го изгубат и својот последен карактер и да се фрлат во прегратките на јужнославјанските непријатели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но за нас Достоевски останува тоа што секогаш бил – декадент, прататко на ревизионизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кој немал пари секогаш бил раат, а кој ги има: ништо да не му е, сам ќе дума и лоши соништа ќе сонува.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кети ми кажа дека во вашето семејство, со генерации наназад, колку што знаат, првороденчето секогаш било машко.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Западните јазици секогаш биле структурирани во однос на дихотомии или поларитети: предвидливо/ непредвидливо, волно/неволно, машко/женско; говор/пишување, присуство/отсуство, проблем/ решение и така натаму.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога ги проучуваме разговорните аспекти на терапијата откриваме дека и клиентите и терапевтите употребуваат многу зборови и поими без да размислуваат за тоа како всушност функционираат тие зборови и поими.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Секогаш бил во контакт со земјата. Но тоа било само механички, без чувство.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И покрај тоа, тој секогаш бил весел и не покажувал неспокојство и нервоза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Другите членови на ЦК, иако се сложувале со Гарванов, кон гемиџиите секогаш биле љубезни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дежурниот секогаш бил готов да го запали фитилот и да исчезне заедно со Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најпосле, секогаш бил сигурен во својата рака, кога имаше со себе една таква пушка и едно место, од каде што можеше да се дофрли на секој срт.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука ниеднаш дотогаш не било со него така; секогаш бил барем оној шум.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама ете, фамилија е тоа и тие работи секогаш биле нешто за кое не се зборува надвор од ѕидовите на домот, кој одамна веќе не е дом, а уште помалку топол.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Речиси и пред да имал време да смисли нешто со што секогаш бил поинаков од другите, пркосен, брзоплет, во бриткоста како штотуку симнат од точило, се свртел да ја гледа во далечина темната модрина на небото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Биди умен, куме, покори се. Онисифор Мечкојад ја извадил десната рака од пазуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А таму, ене ги, Queens - Србија и Bronx - Хрватска. Bronx очајнички ја бара својата независност, тврди дека е независен од New York и дека секогаш бил. Queens не дозволува, се чини дека сака контрола врз целиот New York.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Низ историјата на филозофијата, тие секогаш биле наменети за некои поупорни и од мене потрпеливи луѓе, ако се земе во предвид дека тоа прашање останало нерешено од некоја година пред новата ера, па сè до денешен ден.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Неделотворните народи секогаш биле, порано или подоцна, окупирани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Океанија беше во војна со Евразија: според тоа Океанија секогаш била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така низ целата историја се повторувала борба која во своите основни црти секогаш била иста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама сите тие стравотии секогаш биле некаде далеку, далеку од нив, во некакви земји н е б и д и и.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Цели белосветски движења се кревале За преименување на пример на Црвеното море А одговорот секогаш бил полека спокојно Наскоро секако ќе има и црвен океан
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Дека со него владее некаква несигурност наговестуваа и оние тврдења дека и најголемите глупости што ги сторил за среќа секогаш биле корисни за државата!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За ваквите збрки секогаш биле виновни претрчувањата на сеќавањата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Водата секогаш била и ќе остане голем исцелител.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Свет на изменети аспекти...а обемот на промените зависи од тоа колку е голема да-ја-наречеме-раздалеченоста меѓу двата просторно-временски света, оној што секогаш бил достапен на перцепциите на субјектот и новиот, во кој субјектот сега мора да функционира.“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А и ние тргнавме по него, бидејќи сме објекти во неговиот перцептивен систем.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Секогаш било така, а најмногу кога ќе имаш некоја несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто секогаш (а секогаш бил гладен) Чук Нам воздух и ветар јадел.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Грците биле преокупирани од можностите за постигнување сојуз меѓу Бугарија и Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како што спомнавме и претходно, и американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт бил сосема согласен со Британците дека на Балканот би требало да му се зададе дефинитивен удар на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, тие биле сосема свесни дека меѓу балканските држави имало голем број национални и територијални нерешени прашања, кои во историјата секогаш биле користени од големите сили, играјќи на картата "раздели па владеј".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој истакнал дека "на балканските конференции одржани во Атина, Истанбул, Букурешт и во Солун, Бугарите секогаш биле опседнати со нивната сопствена ситна национална работа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Интересот на ГОЛЕМИТЕ секогаш бил во преден план.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Баба ми расправше дека во времето кога воловите си доаѓаа од пасење, таа стоела на порти а тој секогаш бил предводник, никогаш не пуштал пред него ниеден вол.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)