секако (прил.) - веќе (прил.)

И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во нивните исплакани очи секако веќе и немало солзи: Господи и мајко богородна и Гавриле Лесновски, стоплете им ги душите на Богдан Срменков (дванаесет години) на Горан и Јордан Пенков (тринаесет и шеснаесет години), на Салко Пребонд (петнаесет години) и на Климент Темелковски (шеснаесет години), но коските молчеле далеку од сите очаености на живите, и му биле верни на чудесниот спокој што ни бара ни прима утехи во својот заборав за она што е ден и она што е ноќ, за сѐ што е грч на тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Телото секако веќе не настапува како куќа на битието, туку како жива форма, материјал којшто со современите технологии можеме уште поинтензивно да го преобликуваме во таа смисла да минеме преку границите на неговата физикалност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)