секаде (прил.) - наоколу (прил.)

До почетокот на 1963. делот од мојата куќа што го користев како ателје беше во тотален хаос.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Платната се наоѓаа низ целата соба, додека бојата течеше секаде наоколу.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом се преселив, одлучив да побарам некој помошник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од неговата седелка прудолу по спилите имало исушени бразди крв, а секаде наоколу биле развеани коски, клунови, стапала, клопчиња коса и пердуви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А секаде наоколу „Маасовите” сигуроносни екипи, светнати и тешки, како густ, бистар сируп на надгледувањето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Седевме во фотелји од чии фустанчиња ѕиркаа дебели и искривени лавји нозе, со книги секаде наоколу.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа тргна да ја бара. Секаде наоколу по блиските места ја немаше. Таа се замисли.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Со денови по Торонто Едо се чувствуваше како слепец кого Марко го води за рака од Скарборо до центарот и секаде наоколу каде што тој како возач одеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш пак стана свесен за мноштвото ореови дрвја секаде наоколу и гранките изобилно накитени солисје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мислам, одеднаш секаде наоколу беа хороскопските знаци.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гита го испрашува гледајќи го во празните, сиви зеници, без и да отвори уста, го прашуваат очите на неговите сопствени деца, очите на луѓето што едвај ги среќава низ испразнетите гета, погледите на оние 43 илјади луѓе што заминаа со писокот и чадот на локомотивите и што ги нема веќе, а тој, ете, ги гледа секаде наоколу.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Европа што ослободува и Европа што цинично уништува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа мора да те убедам да сфатиш дека духот е секаде наоколу, сеприсутен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога дуваа силни ветрови одев во гостинската соба. Таму имаше вградено огниште кое никогаш за ништо не служеше, горе имаше кандило за украс, ќибрит, свеќа, една ламба и тоа беше сѐ, а долу немаше ништо поголемо послано, само рогозини, озгора ткаени килимчиња и секаде наоколу наредени ткаени перници полни слама.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)