сега (прил.) - ни (зам.)

Тој Трифун, Баџата, во тоа време, бараше начин зета си во Скопје да го протне за директор на некое претпријатие и сега ни наговорува мене и на Сврделот некако да му помогнеме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А пампурот сал рикаше и рикаше, а ние собрани куп, се тресеме, плачеме и си велиме - е сега ни дојде крајот, тука каде ништо не се гледа ќе нѐ фрлат во морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега ни останува да видиме дали таа составувала, составува и може да составува таква единица во политички однос?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Предиграта ја видовме: со војните... За играта дознавме кога се играше во Версај... Сега ни останува уште да ја видиме доиграта...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беше јасно дека Мајка ја беше изменила приказната или сега ни кажуваше нешто ново, непознато.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)