сега (прил.) - се (гл.)

Ете, и двајцата сега се вдовци, а третиот, најстариот, е со жива жена. Па и таа се погоди разбрана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
20. До Руско-турската војна имаше само една теорија за нашата народност. Сега се две.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак сме во преодно време. Исчезнаа Пикасо, Стравински... времето на превратнички личности мина. Затоа овие времиња сега се фасцинантни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Некогаш нѐ врзувеше љубовта, сега инермедијар е болката која се инфилтрира во душава и те преточувам во бесмртност,како реликвија, драгоцен спомен од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Умот, срцето и душата сега се едно морбидно место без засолниште кои талкаат низ расфрлените денови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се сеќавам како тој ден се сетив: сега се Маргарита и Ана, но една недела пред тоа беа Паула и Офелија, сината девојка се симна на една од најлошите станици, на Монпарнас-Бјенвени која на најголемите шанси за пораз им ја отвора својата смрдлива хидра.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Како се викаше оној од кого те спаси светиот отец?“ „Мислам - Мирон. Сега се пријатели. Зошто?“ „Така. Го познавам. Боксер е. Порано и јас тренирав.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Така... Тие бавчички низ кои порано минувавте, јас ги купив и сега се мои...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ни врапчињата од небо не се појавуваат, туку и тие еден врз друг чучат,женското долу, а машкото горе и после женското снесува јајченца во седелото и од нив се појавуваат пиленца голуштравци кои сега се веќе големи и праат заедно со возрасните!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега се тие со Чанга, само тој може да ги чува, да ги дочува, да ги спаси од смртта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ама издржа... – Но сега се на удар неговите браќа, нивните семејства!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)