сега (прил.) - личи (гл.)

Луѓето се тискаа околу раскажувачот и тој сега личеше на глиста - жилаво издолжена над главите на другите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На очите сѐ уште ѝ светкаа капки солзи што ѝ останале. Но сега личеа на две бисерчиња.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Проектот на кој Константин З. се ангажира, сега личи на локомотива во полно движење којашто и тој ја ложи, и кое движење, како впрочем кога е човек на какво било авантуристичко патување, му го одржува психолошкиот тонус цврст, а возбудите на кои патем наидува, воедначениот, монотон живот му го прават значително повозбудлив. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)