светло (прил.) - и (сврз.)

Мислам, воочи јасно, самата виде Во какво сиво се обоил овој наш свет што проклет, го градевме и живот ќе дадевме за сѐ да биде светло и фино Многу лета изминаа оттогаш Некои незаборавно, некои брзо, некои бавно, И ниту еднаш не почувствував вина А сега...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Следи ја трагата на прегореното сонце археологијата на зракот.  Замисли си дека е светло и ќе биде светлост.  Растргни ја земјата натрупана врз телото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мече за сето време стоеше настрана, гледајќи го со затаен здив сето ова, одошто на душата му стануваше светло и радосно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Кога секогаш би било светло, не би морале да правиме разлика меѓу светло и темно, според тоа, не би го имале ниту поимот ниту зборот светлост...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)