саноќ (прил.) - го (зам.)

Го слушам како се тркала, како се мачи да стигне до мене твоето тихо ало, твоето сонливо и тркалезно о, и веднаш потоа, како измамник, како крадец, ја спуштам слушалката, го поземам од неа уште недоразбуденото и тркалезно о, го стискам во дланките, легнувам со него во постела, го покривам и саноќ го милувам, И кога помислувам дека заспало веќе - тоа како светулка ќе ми светне во мракот и ми се крие меѓу прстите...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Ами со двете како си: скраја, али близу?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ноќта кај два - три саатот, дошол богатијот со една ластегарка, го открил, му удрил неколку по плеќи и саноќ го терал да 'и пренесуат камењето од гробот, од еднијот крај на гробиштата до другијот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откога свршил царот разговорот со стариот, си повел по себе мезличот и си ошол на сарај.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)