самоуверено (прил.) - го (зам.)

Навидум, имаа прво: широките стапала со кои самоуверено го грабаше потчинетиот простор, премногу здравата, волчја отпорност на блескавата насмевка, малите, цврсти гради што во четвртата деценија ѝ стоеја исправени како штотуку распупена девојка, таа мускулеста едрост на целото тело кое на нејзините платна со паганска надмоќ лебдееше над урнатините на згаснатите светилишта, пламените кадрици со по некое седаво влакно, што се извиваа околу лицето како змиолики фалуси – имаше невообичајан „машка“ сила за една пост-симболистичка сликарка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Туѓите зборови самоуверено го имаа завземено местото на неговите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Одлична прилика да и се посветите исцело на науката.“ „Јас тоа и го чинам“, самоуверено го гледаше Иван. „А за Јана немам што да речам. Таа сама рече сѐ.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Макар краткотрајно, овој проблем пријателката вознемирувачки, самоуверено го нагласуваше...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)