само (прил.) - толку (прил.)

Испушти само толку: — Ами, шо го бодело попот шо си го погазил дадениот збор и го остави сиромашчето страмотно до векот?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само толку мал миг... а носи бесконечност во него...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Америка! - се изненади Никодин. - Не може! Не пуштам јас дете само толку далеку преку светот! - скокна секогаш строгиот татко.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Иноверците, - вели Сатирот. – Само толку можам да ти кажам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Одев наваму-натаму низ собата, се вѕирав во дното на бунарот, гребев со прсти по песокот, но знаев дека можам само толку, да замислувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само толку. Беше единаесет и дваесет и три минути.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чантичката на невестичето веќе не ги собира парите, па свекрвата притрчува да помогне со својата чанта, па кога е веќе тука, се мести и таа на сите пози, па нели и таа е од најблиските роднини, а и нејзината меморија е од пресудно значење за вечер, кога, откако сето ова ќе заврши, ќе седнат и ќе ги отвораат подароците, и кога таа ќе се сети на сите што предале коверт или подарок, а на него напишале „среќен брак“ и само толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми се стори дека во темница останав јас, мрава црна, на црн мрамор, во најцрната ноќ, оти свеќата на отец Стефан Лествичникот светеше со светлина студена, како светилото ноќно на небото: светеше само толку колку да се каже оти не сме слепи, како окото негово помрачено од бело перде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Борис Калпак имаше само толку време да се тргне од вратата за да не го урне со бес оној што дојде и што донесе мирис на коњско потење и здив на нови умирања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Недалеку удираа во камен коњски копита. Пак се слушна извик, сега поблизу.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа и молкот нејзин е суров, студен и мрачен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сама! Сама, меѓу толку луѓе кои споделуваат иста судбина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа насобра неколку грста и напреку тргна по угорнината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само толку пишуваше за големата рана на Крстовица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само толку. До колку ти го откријам она другото што доаѓа по ова, ќе морам да ги уништам соништата!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сега Прењес – Перењас, расте во мало, модерно, живо и раздвижено гратче, во попатна станица за стотици камиони, автобуси и патнички коли, место во кое патникот се задржува само толку, колку за да одмори...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Само толку? – прашува изненаден Зоки. - Само толку, - вели чичкото и се смее.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- А што ќе правиме таму? Ќе видиш. Засега само толку.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој сега разбра само толку дека и едно обично тенџере со капак, кога во него врие вода, може да се преправа како мечка и да плаши деца. Ама чудно тенџере!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)