само (прил.) - нејасен (прид.)

Па дури и тогаш ѝ се чинеше дека тоа е само нејасна алузија од Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Другата личност беше еден човек по име О'Брајан, член на Внатрешната партија, кој заземаше некаква функција, толку значајна и далечна, што Винстон имаше само нејасна претстава за нејзината природа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па сепак, имаше само нејасна претстава за тоа кој бил Голдштајн и каква доктрина, наводно, застапувал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)