само (прил.) - мртов (прид.)

— Се плашиш? — Само мртвите не се плашат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Митралезот е буцнат в земја со прелапнат реденик под капакот, а околу него само мртви. Касапница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но Сајм не беше само мртов, тој беше укинат, беше неличност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што беше тоа писание само мртовци да пренесува магарето. Само мртви да го јаваат децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Само мртвите имаат време за чекање, вели Лазор Ночески, оти времето, сето време е кај мртвите, вели, и со прстот врви по веѓицата од сечилото на ножот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)