само (прил.) - извесен (прид.)

Приклучувајќи се на Фулеровата утописка проекција на идната благосостојба во светот која ќе ја оствари технологијата со искоренување на сиромаштијата и борбата за гол живот (според Фулеровата аритметика, ова би требало да се случи пред 2000 год), Кејџ всушност искажува само извесна наивност во поглед на познавањето на луѓето и нивните односи, карактеристична за просперитетните 60-ти години. 34 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Животот во паника ќе кидне прудолу да провери дали сѐ уште е тоа што мисли дека е: заден миг на свесност кога сѐ се претвора во блиц сеќавање во јазик разбиен од из-без-ум-е-ност во сублимиран естезис оти нема време да се прераскажува на долго и на широко само извесна веројатност да се искаже без надеж дека ќе биде видено од некого  само извесна пасија по кажувањето  - низ реч, низ слика, низ музика, низ тело, низ плот...  само извесно насетување на вистината според логика која оди прекутрупа во погорниот, во вртложниот круг на небото кога тоа ќе се отвори во екс-та-за! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)