само (прил.) - заради (предл.)

„Ама не само заради балерина. Задутре ќе станеш ученичка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Напати помислував, веројатно за да се оправдам себеси, дека се случувало нешто слично и со судбината на јунаците од нашите детски соништа, кои без претходно најавена причина, само заради неконтролирано изречен збор или грешно срочен одговор, ја губеле силата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За разлика од Твојата вина, почитуван Леко, јас бев осуден само заради грешна проценка во остварувањето на животните цели.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во рамките на друштвото работеа 22 работници, додека денес има само 1 вработен и истото моментално функционира лимитирано – само заради наплата на долговите од своите корисници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А станува збор за почитуваните јунаци од приказните со кои не заспиваа во мирните детски ноќи нашите мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Друштвото во кое тој беше во редовен работен однос, „Топли- фикација Битола“ ДОО Скопје, е основано во 1999-та, од страна на монополското претпријатие „Топлификација“ АД – Скопје, кое денес е во приватна сопственост,2 а неговата задача беше да произведува и испорачува топлинска енергија на дел од терито- ријата на град Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А некој само заради тоа што не зготвиле до саатот што дале теир!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)