само (прил.) - рака (имн.)

Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Единствено што се надевам е дека нема да дојде денот кога луѓето ќе престанат да зборат и наместо говор ќе ги користат само рацете на тастатура кои ќе станат извежбани како на секретарката у суд, а пола Македонија да носи тегли наочари тројка од што ќе си ги истера очите пред своето Пи-Си.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Ништо не ми е. Само раката. Веднаш ќе помине.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се повлекуваме во длабочините на фотелјите. Само рацете ни висат отпуштено надолу, да се ладат во фугите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)