само (прил.) - те (зам.)

А сонцето си стои на средина од небото, не се помрднува. Само те толчи со петицата. И тоа врши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Студот само те смалува и со мраз ти го врзува лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Комарците се нафрлаат како улиште и само те печкаат по лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само те буцка да правиш нешто, нешто да кажуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)