само (прил.) - си (зам.)

Додека рајата гладуе, тие само си го обновуваат возниот парк.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ти работиш и само си ја бараш сенката, а сенка никаде нема. Секаде сенката е подгазена, потфатена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така удираме: наведни се, исправи се, а нивата само си се зголемува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тој само си ја спомнува раната. Големата рана што не се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знам секој што сака да ме праша, а не знам што да одговорам, вели, и само си отпива од ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ништо, јас така само си се собирам, ко гасеница во кожурец и молчам. Си ги подголтнувам зборовите, навредите, сѐ. И се кинам од работа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Небото само си го реди снегот, си шуми, го наклава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лежам така префрлен со умот, а Бошко од Сувогрло само си кажува за некаде: - Врвиме, вели, крај еден напуштен логор, вака колку до нужникон надвор, а едно жешко време, вели, секакви творчиња оживиле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Снегот само си сее и снежинките, ко пеперужиња се збираат околу кандилото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оди, кај оди, само си вели: - Господе, оти не ми кажуваат дали е отепан?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А снегот само си паѓа, ги крши парошките од дрвјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да- виде Недолетниот преграбил една дабица и само си зборува: - Еда, ова дрво јас прв си го зафатив, вели, и еда, никому не му го давам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тој, божем, само си ги мафта бројниците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само си мислам. Сѐ уште не е лесно да го кажам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Подоцна Лага. Го сонував Род, или го створив од која било веќе на сон употребена слика, што ми се најде при рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само си мислам дека би можела веднаш да заминам за Будимпешта, кога навистина би сакала.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„ Ништо не ми е“, повтори таа кусо. „Само си го удрив малку глуждот. Благодарам, другар!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние само си го замислуваме. Тоа е халуцинација.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја зближуваше со нив не само заедничкиот албански јазик, етничката припадност, туку и судбината на заминувањето, а со различните вери, само си ја зацврстуваа љубовта кон заедничкиот Бог што постоеше во природата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Едниот шишкав, црномурест и намуртен, другиот мршав, русикав и само си ја преџвака насмевката на усните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Само си врви, а никако да изврви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тој иде и само си ја расправа косата, си ги затресува алиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само си ги лекува раните и само си ги затвора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше еден Јане Мажовски, гледа во труповите и само си зборува: Оној ја сврте главата, бог да го прости!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Натежнале облаците и само си мошорат едноличен дожд.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една жена само си ги брои копчињата од фустанот: ќе ме земат, не ме земаат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Снегот само си паѓа, ми застанува и на трепките, на веѓите, ко скинат лист ми трепери неговата светлина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пцујат и жени и мажи, а јас само си клавам в срце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А небото слегло до покривите и само си пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само си мошори расквасен снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возовите само си врват, а ние остануваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ние само си раскажувавме.... - со тон на вина рече Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)