само (прил.) - него (зам.)

Потоа гласот наизменично редеше песни и ги галатеше сите Турци, а најмногу него, дури може да се рече дека само него, Арслан бег; го набедуваше дека тој, Арслан бег, со дружината ги исклал Акиноските и го повикуваше на мегдан - ако е јунак, како што се прикажувало за него, и ако му јади газот стодрам барут.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жал ми е, го имам само него и го молам да остане.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој никогаш не спомна некаква врска помеѓу неговиот чин на распопување и постапката на попадиката која го беше напуштила не само него, туку и непораснатата ќерка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Какво момче беше, да знаеш! Силно, чесно, работливо. Само него го имав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)