само (прил.) - седи (гл.)

- Ти тоа го нарекуваш летање? Јас само седам крај тебе на твојот килим и летаме заедно, а ти велиш дека знам да летам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само седам над Роса и приплакувам, се траштам. Никој од никаде не ти помага. Секој со својата мака си е зафатен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само седеше стуткан, неспособен ни за едно најмало движење и чекаше да биде што ќе даде господ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)