само (прил.) - бара (гл.)

Само оди и само бара, само оди и само бара нешто без свршеток. Се враќам таму.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А што се однесува до постапката на Сираков тој само барал начин како да ѝ се додворува на својата секретарка која притоа се викаше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во оваа ноќ луѓето личат на деца, а децата секогаш се без лоша мисла. Тие само бараат и откриваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми се занишува снагата ко удрено дрво со секира. И само барам нешто да се потпрам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Доста сакаше да ги лупи тие компири што ги донесе во куферчето, но Митра сакаше да се покаже салам домаќинка, та истрча и од ќералот донесе полн леан компири: — Ти само барај, невесто Досто, јас ќе носа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)