речиси (прил.) - секаде (прил.)

Ги имаше речиси секаде каде што се протегаше животот, петвековниот заеднички живот на многу народи на Балканот, под турско.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со време, откривме уште една причина зошто Мајка не прифаќаше да ја напушти својата куќа и да живее со едно од своите деца, како што беше вообичаено речиси секаде, во тие времиња на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Земјата речиси секаде си го менуваше ликот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но, важно е дека овој град ви нуди секакава кујна и тоа не само во раскошните ресторани на „Хилтон“, туку и кај малебиџиите и акчиите кои се расфрлани речиси секаде - од пристаништето па сѐ до „Таксин“ и „Ак Сарај“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)