речиси (прил.) - невозможен (прил.)

По малку беше застрашувачки тоа што од потокот звуци што се истураа од неговата уста, беше речиси невозможно да се разбере ниту еден збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира, мој Камилски, но тоа е многу тешко, речиси невозможно да се оствари.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше тешко, речиси невозможно, новиот режим овие луѓе, прекуноќ, да ги преобрати во замислената работничка класа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Едната, баба Елена, умрела пред да се родам, а другата, баба ми Санда, мајка на татко ми, е жива, ама толку е сенилна што е речиси невозможно нормално да се комуницира со неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Штета, многу ми е жал поради тоа!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко велеше дека е речиси невозможно на Балканот да се состави вистинското стебло, зашто постојано некој ќе недостасува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)