речиси (прил.) - истовремено (прил.)

Речиси истовремено некој топол животен зрак проструи низ мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност првпат тоа претпладне, благодарејќи на ова сеќавање на Иван, почувствував дека сум поблиску до сеќидневието на Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пролетта илјада деветстотини и петата, речиси истовремено кога Методија Патчев во Македонија ја принесуваше својата саможртва на олтарот на слободата и на татковината, Алберт Ајнштајн, млад службеник во Патентниот завод, излезе од поштата во Берн и замислено се загледа во зраците светлина кои се прекршуваа врз големите црни облаци.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- Се слушаме на телефон! - двајцата си ветија речиси истовремено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прво не знаеше кај се наоѓа, но потем, речиси истовремено, ја препозна куќата и го препозна и Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)