речиси (прил.) - истовремен (прил.)

И тогаш дури забележа како речиси истовремено многу гроздови се одделуваат од лозниците и висејќи во воздухот се придвижуваат удолу по една нова патека што досега ја немаше откриено.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го слушнав ете тоа офкање и речиси истовремено лубеницата падна на земјата и се преполови.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Би морал да биде среќен заради тоа, - рековме речиси истовремено јас и Саше, прекинувајќи го раскажувањето на мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пролетта 1994 г., речиси истовремено јас бев именуван за прв амбасадор на Рерублика Македонија во Франција, а тој за прв амбасадор на Рерублика Франција во Рерублика Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)