речиси (прил.) - исклучиво (прил.)

Но, во врска со Чифте-амамот и изложбата во него... незнам, убаво е што се отвори, но не знам дали баш на тој начин и тие експрес-луѓе што работат речиси исклучиво за портфолија...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гемиџиите, концентрирајќи ја својата дејност речиси исклучиво во Солун, сакале-нејќеле биле принудени да одржуваат некакви односи со Централниот комитет на Македонската револуционерна организација, чие седиште било исто така во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не им стигаше ли на востаниците да ги атакуваат Турците, впрочем нивни угнетувачи, туку отидоа да фрлаат во воздух пароброди, установи и друго, при што речиси исклучиво настрадаа не Турци, туку други невини лица?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Успехот на нивната акција зависле речиси исклучиво од можноста да се најдат парични средства и динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа е израз на отпор кон доминантната култура и пркос против општествениот поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако во целава книга доследно зборував за машката геј-култура, а не за машката поткултура, тоа не е затоа што се обидував да ја избегнам импликацијата дека машките геј-културни практики со кои најмногу се занимавав се вторични, поткултурни, туку само затоа што сакав да избегнам да го претрупам текстот со таа недрага сложенка од поим.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И самото бескрајно повторување на зборовите култура и културен си е доволно лошо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, во книгава малку се кажува за машката геј-култура од оној изворен вид, за она геј-културно производство засновано врз постоењето на геј-идентитет и врз способноста на претставителските практики да го пренесат; книгава речиси исклучиво се занимаваше со машката геј-култура од поткултурен подвид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од изворната машка геј-култура не почива врз идентификацијата со негеј-ликови и со негеј-општествени и културни облици, туку врз самиот машки геј-идентитет и врз трудот тој да се истражува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попримерено е да се протестира против уметничките експерименти во едно време во коешто германскиот уметнички живот речиси исклучиво е одреден со манијата на експериментирање со елементи коишто расно и народски се туѓи и со тоа го оптоваруваат и компромитираат германскиот уметнички углед пред целиот свет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)